нашите продавници

посетете ги нашите продажни салони во Кавадарци

салон број 1 ул. Вишешница бр.2
салон број 2 ул. Иван Мазев бр.7

 
информативни прашања и одговори

најчесто поставувани прашања

дали ги добивам истите артикли како на сликата

Бидете уверени дека сите објавени слики се од Нашиот асортиман , можно е да има само отстапувања во однос на вашиот избор на боја , дезен , материјал доколку наведената слика не одговара со порачката која сте ја направиле. Во секој случај претходно ке бидете информирани , а можете и да ги погледнете понудените артикли дирекно во Нашите продажни салони.

како може да ја следам мојата порачка

Доколку сакате да ја следите Вашата порачка потребно е да креирате корисничка сметка кај нас преку која може да го следите статусот и историјатот на сите ваши порачки, да креирате листи на желби, да резервирате и да добивате додатни информации, купони за попуст , акциски цени...

како се врши плаќањето на порачаниот мебел

при процесот на порачување ќе ви бидат понудени три опции за плаќање , можете да уплатете директно на нашата жиро сметка по издадена профактура , можете да платете во готово при испоракаи прием на испорачаната стока и можете да платите со кредитна картичка при превземањето на стоката. Напомена , Никој од нашите вработени нема да ви побара аванс или плаќање однапред без издаден документ. Доколку ви биде побарано такво или слично плаќање Ве молиме пријавете кај Нас за да не бидете жртви на измами од трети лица. Во тој случај ние не ја превземаме одговорноста.

дали прифаќате рекламација

Да , ние прифаќаме рекламација и рефундирање на уплатените средства доколку испораката и монтажата на стоката биде направена од Наша страна и веднаш бидат воочени укажаните рекламации. Доколку испораката и монтажата на стоката е од страна на купувачот или трети лица , тие ја сносат одговорноста за евентуалните оштетувања од несоодветен транспорт или нестручна монтажа.

дали гарантирате за објавените цени

Да , ние гарантираме за објавените цени и истите се земаат во предвид цените кои се објавени во време на правење на порачката од Ваша страна. Можете да не контактирате за евентуални количински попусти и попусти за редовни клиенти по претходен меѓусебен договор.

мебел ентериер 21

контактирајте со нас за било какви додатни информации